Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров го објави списокот на играчи за последните квалификациски натпревари за ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Предводникот на македонската сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари на кои смета за завршните два квалификациски натпревари за Европското првенство кои е на програмата во 2022 година.

На листата се најдоа 35 играчи меѓу кои и самиот Кире како што е познато и понатаму ја има улогата на капитен, лидер на теренот. Останува да видиме кој на крајот ќе влезе во потесниот избор за битките против Финска и Швајцарија кои се играат на 28 април и 2 мај.

Македонија по 4 одиграни кола се наоѓа на второто место во групата 7 зад актуелниот светски шампион Данска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни