Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров: Го избравме потешкиот пат, но тоа е иднината на македонскиот ракомет!

Објавено

на

Фото: РК Алкалоид

Алкалоид е ракометен клуб кој е активен само три години, но добрата мисија и стратегија која ја имаат водечките структури направија доста рано да биде прославен првиот трофеј.

Тимот сериозно напредуваше од моментот кога Кирил Лазаров беше поставен за предводник на првиот тим, а македонскиот селектор пред извесно време ја освои и првата титула во својата тренерска кариера.

Алкалоид триумфираше во Купот и денеска со официјална прес-конференција беше одбележана успешната сезона која ја остава тимот од Автокоманда, па главниот збор секако го имаше токму Лазаров.

– Алкалоид како клуб се формираше пред три години и тогаш го одбравме потешкиот пат, но знаејќи дека тој е вистинскиот. Се соочивме со доста прерпреки, но го одбравме македонскиот пат. Решивме да работиме добро за клубот, но и за државата, македонскиот спорт и македонскиот ракомет. Се надевам дека ќе продолжиме да растеме, иако знаеме дека нема да биде воопшто лесно. Македонската ракометна лига расте од година во година, а видовме дека Еурофарм Пелистер, Вардар и Охрид имаа многу странски ракометари. Ние како клуб со само еден странски ракометар успеавме а бидеме рамноправни и се носевме рамо до рамо со нив.

– Го одбравме потешкиот пат, но бараме разбирање и поддршка и веруваме дека пред нас се многу други предизвици. Минатата сезона завршивме како втори и обезбедивме место во Европа, се испробавме и брзо увидовме дека се уште не сме кадарни за победи на такви натпревари. И покрај тоа, успеавме да остварим прва историска победа над Ла Риоха. Првиот дел од сезоната го одигравме доминантно, а потоа во Купот во период од 72 часа ги победивме најконкурентните два тима во Македонија, Еурофарм Пелистер и Вардар.

– Тој успех е голем за нас и носи голема сатисфакција, тоа е патот по кој треба да продолжиме и тоа ќе нее води напред. Завршивме на трето место во Лигата и повторно излегуваме во Европа. Повторно ќе играме во ЕХФ Европскиот куп, натпреварување кое мислам дека е најдобро за нас. Посебно ми е мило што остваривм најголеми успеси во младинските категории. Апелирам до раководството на клубот што повеќе да вложува во овие категории, бидејќи тоа е иднината на македонскиот ракомет. Им порачувам на останатите клубови да не гледаат конкуренти во нас, ги повикувам да инвестираат во млади играчи. Само така ќе го задржиме ракометот да бидее спорт број еден во нашата земја, – изјави Лазаров на пресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни