Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров го избра омилениот момент во својата кариера и откри што значи селекторскиот предизвик за него

Објавено

на

blank

Кирил Лазаров ја доби одговорноста да биде нов селектор на македонската ракометна репрезентација, функција која секако има посебна тежина на македонската спортска сцена, но која комплетно му доликува на великан како што е нашиот капитен.

Првичниот план на Кире е да продолжи активно да игра уште една година и да ја извршува функцијата како играч-тренер, по што треба да добие долг четиригодишен договор со кој ќе му се остави простор навистина мирно и трпеливо да работи со младите ракометари кои треба да се развиваат и да донесат позитивна транзиција.

Веста за селекторската функција која ја доби Лазаров ја пренесоа сите познати светски медиуми кои редовно ги следат случувањата во ракометот, па оттаму и ексклузивното интервју кое го направи ИХФ со македонскиот „бомбардер“.

– Отсекогаш сум сакал големи предизвици, тоа секогаш ми помагало да бидам подобар и да се пронајдам самиот себе. Вистинска чест за мене е што ќе бидам селектор на македонскиот национален тим, селекција за која јас играм од 1997-ма година. Свесен сум за предизвиците кои следат, свесен сум дека ќе биде тешко, но верувам дека ќе можам да го подобрам својот омилен тим. Голема работа е пред нас, но навистина сум многу мотивиран бидејќи фановите добро ја прифатија оваа одлука. Јасно е, ние сме на средина на менување на генерации, тоа е долг процес и бара трпение. Треба да се квалификуваме на големи турнири и да правиме правилни чекори. Убеден сум дека можам да одговорам на овој предизвик, – изјави Лазаров кој во интервјуто го избра и својот најдобар момент во кариерата.

– Омилен момент во мојата кариера? Турнирот во Хрватска во 2009-та година. Постигнав 92 гола за мојот национален тим, што е рекорд на Светските првенства, – додава Кире.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни