Лазаров го „испука“ Шамбери, Нант се загреа за битката со ПСЖ

kire-nant

Тимот на Нант на нашиот Кирил Лазаров го положи последниот испит и славеше над Шамбери со 29-25 пред настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Кире и другарите го одработија ова гостување во нивен стил, па така веќе по првите 30 минути дојдоа до позитива од 17-10 која потоа рутински ја задржаа со што покажаа дека се во добра форма, ритам пред битката со Пари Сен Жермен во Келн.

Еден од најистакнатите поединци беше нашиот Лазаров со шест голови од кои пет дојдоа од линијата од седум метри каде беше перфектен. Исто голови како Кире постигна и Турна, додека одличен беше голманот Димулан со 16 интервенции.

Нант со 35 бода е на третото место во франција.

Facebook Коментари