Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров: Го допревме дното на ова СП, знам дека цела Македонија тагува

Објавено

на

Најдобриот македонски ракометар и капитен на националниот тим, Кирил Лазаров и се стави на располагање на репрезентацијата за ова Светско првенство, но и неговото знаење, квалитет, лидерски способности не беа доволни за подобри резултати на националниот тим.

„Црвено-жолтите“ го добија само Чиле во Египет, но без разлика на тоа Лазаров не жали што како група се присутни на првенство и воедно се надева дека од тука оваа подмладена селекција ќе тргне да се движи во нагорна линија.

-Македонија сака спорт, особено ракомет. Со години имаме квалитетна репрезентација, постојано сме учесници на големите натпреварувања, имаме континуитет. Целиме кон тоа да го задржиме и да го подобриме во следните години. Тоа не е лесно. Имаме и добар клупски ракомет, знаеме дека Вардар двапати беше европски шампион.

-Знам дека цела Македонија тагува поради нашите убедливи порази, но верувајте и на мене не ми е лесно. Ако некој ве сака, ви дава внимание тоа треба да го испочитувате. Ќе ни биде тешко затоа што не се претставивме достоинствено, иако имаме промена на генерации, мораме да се бориме до крај, однапред да не се предаваме. Севкупно гледано, можеби ова СП можеби ќе ни е добредојдено, бидејќи на некој начин го допревме дното, па сега треба да се обидеме со добра стратегија да напредуваме, -порача Лазаров во разговорот за ХРС.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни