Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров ги поштеди интернационалците за двата натпревари против Србија (Фото)

Објавено

на

Откако обезбеди пласман на уште еден голем турнир, пред македонската ракометна селекција се два контролни натпревари против Србија, пред кои селекторот Кирил Лазаров одлучи да направи еден голем експеримент и да им даде шанса само на домашни ракометари.

Лазаров претпладне дозна дека ќе игра против Барселона во полуфиналето на фајнал-фор турнирот во Келн, по што го објави и списокот за двете контролки кои ги играме против српската селекција во Ниш.

Македонскиот селектор-капитен одлучи да селектира навистина поразличен состав, во кој нема ниту еден интернационалец. Целта на Кире е да се одморат „странците“, а воедно да им се даде шанса за докажување на играчите од домашното првенство кои имаат амбиции да станат редовни членови од најсилната селекција.

Натпреварите против Србија се играат на 19-ти и 20-ти јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни