Лига на шампиони
Лазаров е неприкосновен на врвот во историјата на ЛШ, Дибиров на четврто место (Фото)

Најголем дел од ракоментите првенства во Европа прогласија крај на сезоните во исчекување на подобри денови, а бидејќи на подолго време се одложени и натпреварите кои ги организира ЕХФ, ова време е најпогодно за објавување на историски статистики, споделување на незаборавни моменти и нагласување на најдобрите.
Токму во оваа насока е последната објава на Европската куќа на ракометот, која одлучи да ги наброи осумте најдобри стрелци во историјата на Лигата на шампионите. Македонскиот „бомбардер“ Кирил Лазаров е неприкосновен на врвот и има посебно место на пиедесталот со дури 1.332 гола во најелитното натпреварување, што го прави убедливо најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите.
Втор на вечната листа е неговиот поранешен соиграч од Барселона, Никола Карабатиќ, но Французинот има речиси 300 голови помалку, или точно постигнати 1.074. Како трет на ранг листата се издвојува Момир Илиќ со 969 гола, а четврт е Тимур Дибиров со постигнати 884 погодоци во Лигата на шампионите.
По играчот на Вардар, следуваат Марко Вујин (841), Сергеј Рутенка (838), Микаел Хансен (821) и Ласло Наѓ со 806 голови кои ги постигна како играч на Веспрем.
Инаку, Кире Лазаров настапуваше во најелитното натпреварување со различни клубови во својата богата кариера, а животниот сон си го оствари кога ја освои титулата како член на Барса.
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)