Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Данска беше невозможна мисија

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со пораз од Данска, а селекторот Кире Лазаров по средбата потенцираше дека во моментов нашата селекција не може да направи повеќе во дуел со ривал од ваков калибар.

Лазаров пред медиумите ја истакна важната минутажа која ја добија дел од помладите репрезентатитивци, а која треба да биде искористена за следните големи натпреварувања.

– Сакам да се подготвувам за секој натпревар, да се надмудрувам со противниците, но овој пат колку и да се трудев, ова беше невозможна мисија да дадеме поголем и подостоен отпор, иако во одреден дел го направивме тоа со млади и неафирмирани играчи.

– Овие минути кои им ги дадовме на младите како стручен штаб, можеби многу ќе им значат во иднина. Треба да формираме костур, да најдеме меѓу 16 и 20 играчи кои би настапувале за Македонија наредните десет години. Во нашата група имавме уште два силни противници, ова ЕП ни значи многу, ни останува да ги засукаме ракавите и да работиме напорно во иднина.

– Видовме дека Данска е машинерија, тие газат, а ние покрај Маџовски, го загубивме и Кузмановски, кој се повреди уште на почетокот на средбата. Пробував, правев, вртев, донекаде успеав, но ова е машинерија и покажаа за каква репрезентација се работи, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни