Лазаров „бомбардираше“, Нант дојде до втората победа во ЛШ

kire

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров и вечерва потврди дека се наоѓа во извонредна форма, а тоа на свои плеќи го почувствува словенечкиот состав Целје.

Нант пред своите гледачи обезбеди триумф од 38-27 со тоа што нашиот Кире ја имаше улогата на најефикасен играч на теренот со вкупно седум погодоци. Одлични во офанзивниот дел кај францускиот претставник беа уште Балагуер и Турна со по пет погодоци, додека на спротивната страна најистакнат поединец беше Вујовиќ со 6 голови.

Нант со учинок од две победи и три порази е на 4 место во групата Б во Лигата на шампионите.

Facebook Коментари