Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонија не успеа да оствари позитивен резултат на соочувањето со Холандија и го претрпе првиот пораз на ракометниот мундијал кој се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Во двете полувремиња „лалињата“ беа подобри за нијанса, првиот дел го реализираа со 18:15, вториот со 19:17. Имавме проблеми со брзите противники играчи, а во полза не нии беше ниту судискиот критериум на Мадсен и Хансен од Данска кои досудија двоцифрен број на пенали против нив, плус им доделија црвени картони на двајца наши играчи.

-Единствената работа која ги издвојува Холанѓаните е брзата транзиција, контра и полуконтра, не се физички супериорни, всушност тоа е на наша страна, но до перфекција тоа го имаат усовршено и колку и да се подготвуваш тешко е да го читаш на лице место, реално време, -истакна Милан Лазаревски

-Разликата ја прави Стејнс, надоместува за сите нивни недостатоци, тешко е да се парира. Не би сакал да коментарим надворешни фактори, прво треба да гледаме во својот двор, најлесно е да се впери прст. Можеби немавме некоја преголема помош и фер шанса да се натпреваруваме, но и без тоа пропуштивме доста шанси кои не беа поврзани со арбитрите, знам дека тоа ќе биде тема на дискусија. Браво за дечките, честитки за пристапот, волјата, но јас би сакал да победиме, нема морални победници, -додаде круѓниот напаѓач.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни