Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаревски ја знае формулата за победа над Катар: Адут треба да ни биде…

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонија утре го игра вториот меч од главната фаза на Светското првенство, соочување со селекцијата на Катар закажано за 15:30 часот во Вараждин.

Катар е состав кој ги загуби сите пресметки со европските селекции на овој мундијал (Холандија, Франција и Австрија), додека пак ние единствената победа ја забележавме над африканска репрезентација (Гвинеја), но и од пресметките со екипите од стариот континет загубивме само од Холандија.

Ние посакуваме втор триумф на првенство и според Милан Лазаревски може да дојдеме до таков резултат ако ги искористиме нашиот адут, брзата транзиција и полуконтра која ја негуваме.

-„Како што можевме да видиме од мечот со Холандија, Катар не се покажа нималку како наивен противник. Иако бековите во таа репрезентација се во поодминати години и доцнежна фаза во нивната кариера, покажаа дека може да допринесат и тоа како за нивниот тим, зборувам за левата и за бековска позиција. Не очекува тотално различен дуел од оние претходните, ама ако пристапот е ист како претходно, може да имаме позитивен исход. Адут треба да ни биде брзата транзиција и полуконтра која ја негуваме, тоа е евидентно на овој шампионат. Затоа што се работи за ривал кој има постари играчи, може да им направиме проблеми. Иако се физички силни, Катарците се доста троми и таков начин на игра и пристап за нив би било невозможно да ни одговорат. Таму ја гледам шансата за позитивен исход, -порача кружниот напаѓач на Вардар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни