Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаревски: Има доста позитивни работи што можеме да ги извлечеме, одиме понатаму!

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Дизелдорф, Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Франција од 39:29 го започна настапот на Европското првенство кое се одржува во Германија.

Ова беше средба во која ние имавме добри, позитивни минути и лоши периоди, но основата е поставена и сега треба да се работи на тоа во преостанатиот дел на шампионатот.

Еден од играчите кои се покажа во добро светло беше кружниот напаѓач Милан Лазаревски кој ги промаши првите два шута, ама потоа се врати и даде четири гола од исто толку обиди.

-Тешко е да се биде задоволен со пораз како спортист несомнено, ама има доста позитивни работи што можеме да ги извлечеме од овој натпревар. Имаме уште четири дена до следниот меч. Работите кои треба да ги корегираме, ќе ги корегираме. Беше прекрасно да се игра пред ваква публика и атмосфера, благодарност до нашите навивачи. Бевме ние рамноправни во еден момент, но дојде до  израз силата, брзината и искуството на Франција.

-Планот ни беше совршено поставен, но брзоплетите грешки на стартот на вториот дел кога игравме седум на шест, продадовме неколку топки евтино и така се направи разликата. Ако го тргнеме на страна резултатот, Французите не беа толку поквалитетни од нас како што диктира нивното име. Има повеќе позитивни работи од негативни по овој натпревар за нас. Имаме доста неискусни играчи кои дебитираат на ЕП, јас сум еден од нив. Одиме понатаму, ќе се подготвуваме за Германија, -истакна Лазаревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни