Лавовско срце: Македонија со пресврт до историска прва победа на ЕП

makedonija

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа првата историска победа на Европското првенство. Во четвртиот меч во дебитанскиот настап на оваа сцена дојдовме до славје против селекцијата на Белорусија со 3-1.

Нашите „спартанци“ покажаа карактер, борбеност, дадоа се од себе и со преврт дојдоа до историски момент за нашата одбојка, триумф и три бода на еден континентален собир. Првиот сет го загубивме тесно со 25-23, но ова како да ни даде дополнителна енергија и мотив за продолженито во кое блескавме на чело со капитенот Никола Ѓоргиев.

Прво со 25-19 израмнивме на 1-1 во сетови по што следуваше една голема битка во третиот сет во која по 39 минути славевме со 29-27. Носени од оваа енергија во четвртиот сет игравме рутински и со 25-20 го затворивме натпреварот.

Најдобар наш играч беше капитенот Ѓоргиев кој одигра неверојатно и зад своето име запиша дури 37 поени.

Во утрешниот последен меч во групата Ц ќе се соочиме со домаќинот Словенија.

Facebook Коментари