Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ во криза: Михајлов го погоди „џокерот“, Силекс го освои Ѓорче Петров

Објавено

на

Фудбалерите на Силекс издвојуваа победа над Македонија Ѓорче Петров (1-0) во првата средба 7.коло во најсилниот домашен шампионат.

Силекс уште еднаш покаже дека е цврста, дисциплинирана екипа која знае што сака, па во Ѓорче Петров ги дочека своите минути, својата шанса и го освои целиот плен против тимот кој лани ги победи во финалето на Купот на Македонија.

Домаќините во првото полувреме останаа со играч помалку по исклучувањето на Лазаревиќ, но и покрај тој хендикеп „лавовите“ создадоа неколку шанси, беа поблиску до водство, меѓутоа не ја затресоа прежата на Силекс.

Гостинските тренер Горазд Михајлов во самиот финиш го внесе Дамјан Масевски, потег кој се покажа како клучен затоа што нововлеениот играч ја искористи грешката, лошата проценка на голманот Стевковски и во 80 минута ја смести топката на вистинското место за големи три бода.

За поранешниот македонски шампион ова беше четврто славје и со 14 бода на второто место на табелата. Ѓорчепетровци пак четири кола не знаат за победа и со само 5 бода се на 8 позиција во ПМФЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни