Македонија
„Лавовите“ триумфално низ Штип, Работнички победи по пауза од еден месец

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ја забележаа единствената гостинска победа на четирите средби кои денеска се одиграа во Првата македонска лига.
Скопскиот тим го освои Штип, поточно славеше над Брегалница со 3-2. „Лавовите“ одигра одлично прво полувреме во кое се стекнаа со предност од 3-0 со головите на Мишевски, Стојков и Алији.
Домаќините се разбудија по паузата и за брзо време дојдоа до минус еден со погодоците на Велкоски и Калпачки. Сепак до крајот немаше промени и Македонија ја запиша првата лигашка победа под водство на Тони Џангаровски.
Работнички пак по пауза од еден месец конечно запиша триумф во ПМФЛ и тоа во соочувањето со Силекс кое го реши Деспотовски во 54. минута.
Во Охрид, Воска и Брера Струмица ги поделија бодовите играјќи 1-1, додека супер возбудливо, тензично и со црвени картони беше во Кавадарци каде Тиквеш во самата завршница се избори за реми во пресметката со Гостивар (2-2).
Утре ќе биде комплетирано ова 6. коло со натпреварите Шкупи-Вардар и Струга-Шкендија.
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 12 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 15 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 16 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 17 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 15 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)