Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ ставија крај на кризата со победа во Битола, Тиквеш остана непоразен во Тетово

Објавено

на

Пелистер е закован за дното во Првата македонска фудбалска лига, а така ќе остане уште извесно време по новиот пораз кој го претрпе битолчани на домашен терен.

Македонија Ѓорче Петров успеа да стави крај на својата лоша резултатска серија и криза во домашното првенство со победа во Битола, па така ќе може полесно да го заборави изминатиот период во кој не знаеше за триумф на шест меча.

„Лавовите“ последната победа во домашното првенство ја остварија на крајот на месец август, а два месеци подоцна, се израдуваа на нов триумф и откако во меѓувреме направија смена на тренерската позиција.

Бајрами дебитираше со реми минатата седмица, но денеска ја прослави првата победа на гостински терен благодарение на головите кои ги постигнаа Емини и Филиповски.

За разлика од Пелистер, Тиквеш како претпоследен тим на табелата денеска остана непоразен на тешкото гостување во Тетово, односно одигра 1:1 против фаворизираната Шкендија.

Тетовските „црвено-црни“ тешко дека ќе ја одбранат титулата оваа сезона, а најдобра најава за тоа е денешното реми против Тиквеш во кое стрелци на головите беа Рамадани за домаќините и Мирковиќ за гостите.

На останатите три средби, Работнички им се врати на победите со триумф над Борец од 0:1, Скопје и Ренова ремизираа со најнепопуларниот резултат, а 0:0 одиграа и Струга и Академија Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни