Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ се засилија со поранешен напаѓач на Црвена Звезда (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонија Ѓорче Петров продолжува да ги промовира засилувањата за новата сезона, а најновото доаѓа од Србија.

Нов член на актуелниот освојувач на Купот на Македонија е поранешниот напаѓач на Црвена Звезда, Вања Вучиќевиќ. Тој е екс-младински репрезентативец на Србија кој во кариерата има настапувано уште за Борац Чачак, Спартак Суботица, Синѓелиќ Београд, Инџија, Звездара и Телеоптик, но и за Крилја Советов од Русија.

-Драго ми што доаѓам во овој клуб, се надевам дека со своите игри ќе успеам да помогнам клубот да дојде до својата цел, -порача 24-годишниот Вања.

Тој е осмо засилување за „лавовите“ кои ги обезбедија уште потписите на Фахрудин Ѓурѓевиќ, Емир Скендери, Фисник Зука, Џон Еди Мена Перез, Христијан Пецов, Бојан Илиевски и Александар Ѓорѓиески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни