„Лавовите“ редат победи во Бундеслигата, Талески без грешка

filip taleski

Составот на Рајн-Некар Левен ја продолжи победничката серија и по четвртото коло го задржа перфектниот учинок во Бундеслигата.

Нашиот ас Филип Талески заедно со колегите овој пат славеа на гостувањето кај аутсајдерот Битигхајм со 36-21. Сите дилеми беа решени уште во првиот дел во кој фавориот го надигра домаќинот со 20-11 по што продолжението беше чисто рутинско, односно во истото „лавовите“ само го потврдија новиот триумф.

Толбринг и Колбахер со по шест голови беа најефикасни кај Левен, додека пак македонскиот репрезентативец Талески имаше перфектен меч со три голови од исто толку обиди.

Facebook Коментари