Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ први и „украдоа“ бодови на водечката Струга

Објавено

на

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров успеаа да останат непоразени на пресметката со водечката Струга Трим Љум во Првата лига (1-1).

Стружани допатуваа во Ѓорче Петров со максимален учинок и 24 освоени бода и со желба да го задржа 100 процентниот учинок, но на секоја низа и има крај и токму тоа се случи попладенево во западната скоска населба.

Првото полувреме беше доста мирно, ама затоа беа многу возбудливи вторите 45 минути во кои двете екипи имаа шанси и на крајот конечните 1-1 можеби се најрелен резултат.

Лидерот поведе со погодокот на Шабани во 62 минута за да неколку минути подоцна домаќините останат со играч помалку откако Лемос заработи два жолти картони.

Избраниците на Бајрами не се предваа и се изборија за пенал кој не го искористи капитенот Адем, но употноста на крајот сепак се исплатеше и по акцијата на Скендери и Алексовски се затресе мрежата за гостите за реми и бод за двата состави.

Струга со 25 бода е на првото место, Македонија со 9 е на 8 позиција на табелата.

Во вториот денешен меч Работнички со новиот тренер Илиевски ја совлада Брегалница со 3-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни