Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ промовираа бразилско засилување пред стартот на новата сезона

Објавено

на

Екипата на Македонија Ѓорче Петров промовираше уште едно засилување и тоа пред самиот старт на новата сезона во првата македонска фудбалска лига.

Клубот од Ѓорче е посилен за бразилскиот интернационалец Матеус Лемос Да Силва. Тој е последото ново име во таборот на скопскиот прволигаш кој претходно ги ангажираше Стефан Лазаревиќ, Јован Поп Златанов, Абу Камара, Кристијан Ивановски, Димитриј Димитриевски, Лавдрим Фазлиу, Балша Бановиќ, Филип Костовски, Кристијан Костовски и Филип Мишевски.

Нови пак договори потпишаа Боби Божиновски, Ермедин Адем, Кристијан Филиповски, Самир Фазли и Есмин Личина, додека Андреј Стојанов и Дашмир Берзати беа прекомандувани во првиот тим.

Четата на Александар Таневски во првото кол во ПМФЛ се соочува со Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни