Македонија
„Лавовите“ продолжија да „гризаат“ и остварија петта победа во низа во домашното првенство

Македонија Ѓорче Петров е друг тим откако на тренерското кормило пристигна Муарем Бајрами, па така ова попладне „лавовите“ стигнаа до петтата последователна победа во Првата македонска фудбалска лига, трета на стартот од вториот дел од сезоната.
Тимот од населбата на излезот од Скопје ја потврди фантастичната форма во донашното првенство, но истовремено се реваншираше за болниот пораз од Брегалница во првиот дел од сезоната.
„Лавовите“ тогаш загубија со уверливи 4:1, но денеска ја оправдаа фаворитската улога на свој терен и го победија тимот од Штип со резултат 2:1.
Поранешниот вардарец Попзлатанов го отвори резултатот за водство до 1:0 на „црвено-жолтите“, а повратниот Кристијан Стојкоски погоди за 2:0.
Доскорешниот играч на Работнички го постигна првиот гол за матичниот клуб на третиот меч по враќањето, па истиот беше и клучен за победата која беше остварена со примен гол.
Брегалницата се врати на стартот на вториот дел преку Ѓокиќ, но тоа беше недоволно за да се освои барем бод во Скопје.
-
АТПпред 14 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 11 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 12 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Светпред 13 часа
Поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед заработи повреда која може да значи крај на кариерата