Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ од Ѓорче Петров го претставија Коџо, Академија Пандев ги потврди последни две зимски засилувања (Фото)

Објавено

на

Македонија Ѓорче Петров фантастично котира на првенствената табела по првиот дел од сезоната и е на делбата на втората позиција со Шкупи, а пред стартнот на вториот дел од натпреварувачката кампања, „лавовите“ се пофалија со уште едно засилување.

Тимот од Ѓорче Петров го претстави Лудвиг Амла Коџо како најново засилување во нападот, играч кој пристигнува во составот како замена за Калид кој беше фантастичен во есенскиот дел од сезоната.

Коџо има потекло од Того и станува збор за корпулентен напаѓач кој одлично се снаоѓа во противничкиот шеснаесетник, а кој воедно има само 20 години и допрва треба да се докажува како фудбалер кој полесно може да се снајде во Европа поради фактот што има и данско државјанство.

Покрај Македонија, денеска со две засилувања се пофали и Академија Пандев, откако клубот од Струмица ги промовираше Андреј Стојчевски и Бесник Ферати како последни засилувања пред првото коло од пролетниот дел од сезоната.

Тренерот Васовски ги имаше двајцата на располагање веќе извесно време и беа дел од подготовките, но денеска пристигна и официјалната потврда за нивните ангажмани.

Welcome Ludwig Kodzo ! 🦁🦁

Posted by ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 on Петок, 12 февруари 2021

Андреј Стојчевски и Бесник Ферати се последните засилувања за Академија Пандев во зимскиот преоден рок. Двајцата играчи…

Posted by ФК Академија Пандев on Петок, 12 февруари 2021

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни