Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ ја засилија одбраната со поранешен младински репрезентативец (ФОТО)

Објавено

на

Составот на Македонија Ѓорче Петров нема добар почеток на сезоната во Првата македонска лига, па клубот од главниот град се реши да се активира на пазарот и да ги засили своите редови со поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Се работи за 23-годишниот Оливер Стоименовски кој доаѓа во Ѓорче Петров како слободен агент откако ја заврши соработката со Борец. Оливер игра во одбраната, а ако е потребно може и да ја покрие позицијата последен играч за врска, па ќе биде уште една опција за тренерот Бајрами.

Стоименовски во досегашната кариера го има носено дресот на Работнички, а има искуство и надвор од нашата земја во Карабах од Азербејџан.

„Лавовите“ со 5 освоени бода се на 8 место на табелата, следен нивен ривал е Академија Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни