Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ го срушија лидерот Шкупи, „пандевци“ со лекција за Работнички

Објавено

на

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров направија изненадување и славеа над лидерот Шкупи со 2-1 во дуелот од 13. коло во Првата македонска лига.

Клубот од Чаир допатува во Ѓорче Петров со серија од шест победи, односно немаше пораз во шампионатот од месец август кога падна во Струга (4-2). Меѓутоа секоја низа има почеток и крај, па така денеска четата на Бајрами се избори за славје во дуелот во кој сите значајни моменти се случија во второто полувреме.

Адем во 65 минута од пенал донесе водство од 1-0, водство кое гостите брзо го избришаа преку нововлезениот Ѓорѓиевски во 71 минута. Овој резултат беше активен се до судиското продолжение во кое Филиповски ја смети топката во мрежата на Наумовски за голема радост на „лавовите“.

На националната арена „Тодор Проески“ во Скопје Академија Пандев му одржа лекција на Работнички. Четата на Васоски победи со 3-0 со три гола во првиот дел кои беа дело на Крстевски и Мирчевски (2).

На останатите мечеви Брегалница беше подобра од Скопје (2-1), Шкендија го доби градското дерби со Ренова (1-0), Струга славеше над Пелистер (1-0), додека Тиквеш во Кавадарци славеше над Борец со 2-1.

Шкупи со 29 бода е на првото место на табелата, Академија Пандев е втор со 25 по што следуваат Ренова (22), Брегалница (22), Шкендија (21)…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни