Македонија
„Лавовите“ го „гризнаа“ Работнички во 93. минута, Дориев ја спаси Шкендија од пораз

Во градската пресметка во Скопје која се одигра ова попладне, Македонија Ѓорче Петров како домаќин успеа да ги освои првите три бода против Работнички, и тоа со гол постигнат во самата завршница.
„Лавовите“ на крајот се радуваа на победата со гол постигнат во 93-та минута, а стрелец на истиот беше Ермедин Адем кој биеше прецизно по додавањето од Филип Петров. Ова дојде како резултат нз завршниот притисок кој го направија домаќините во самата завршница, откако претходно не ја искористија иницијативата во првиот дел, кога можеа да имаат посигурно водство.
Инаку, резултатот го отвори искусниот Боби Божиновски кој и во 39-та година од животот ги тресе противничките мрежи, додека погодокот за Работнички беше дело на Димитар Тодоровски.
На останатите натпревари кои се одиграа попладнево во Првата македонска лига, Шкендија се спаси од пораз на гостувањето на стадионот во Чаир кај Шкупи, а најзаслужен за тоа е најголемото засилување Дориев.
Шкупи имаше предност од 2:0 со головите на Дарбо, но Дориев во вториот дел се разбуди и најпрво ефектно намали на 2:1, а потоа беше и асистент на Ахмеди за 2:2, резултат кој се покажа како конечен на оваа средба.
Како загревање за европските предизвици, Силекс ја декласираше Беласица со 0:6, Пелистер минимално победи против Академија Пандев со 1:0, а Ренова и Струга ремизираа 0:0.
-
НБА12 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Италија7 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија5 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
НБА12 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија9 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Шпанија24 часа
Мунуера Монтеро и Белингам со различни верзии за црвениот картон, Џуд може да заработи жестока казна
-
Европски купови23 часа
Алкалоид доби голема поддршка од нашата дијаспора во Италија (ФОТО)
-
Шпанија13 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..