Поврзете се со нас

Македонија

„Лавовите“ договорија четири теста на подготовките во Банско

Објавено

на

Македонија Ѓорче Петров продолжува да се подготвува за новата натпреварувачка сезона во која освен домашни обврски ќе има и настап во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

„Лавовите“ изминатиов период тренираа во Македонија и одиграа два пријателски натпревари против Дрита (2-2) и Љапи (1-1) на кои не забележаа победа, но и не загубија.

Сега клубот од Ѓорче Петров се сели во Банско каде закажа четири теста во периодот од 2 до 13 јули. Избраниците на Бајрами ќе имаат соочувања со Апоел Никозија, Стеауа, но и со Мавлон и Политехника.

Само за потсетување освојувачот на Купот на Македонија ќе игра со ЦСКА Софија во второто коло во Конференциската лига, првиот меч е закажан а 21 јули, реваншот е закажан седум дена подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни