Англија
Лавија позираше со синиот дрес и ги посочи трите причини поради кои го избрал Челси пред Ливерпул (Фото)

Челси во краток временски интервал ги „украде“ двете големи трансфер мети на Ливерпул и Јирген Клоп, па откако го презентираше Моисес Каиседо, денеска тоа го направи и со Ромео Лавија.
Досегашниот фудбалер на Саутемптон беше мета на Ливерпул уште од месец јуни и два месеци се водеа тешки преговори, но иако „црвените“ на крајот постигнаа договор со „светците“, Челси ја расипа работата откако му понуди подобри услови на фудбалерот.
Пакетот Лавија ќе го чини Челси точно 58 милиони фунти, а откако се реализираше целата операција, ова претпладне пристигна официјална потврда од клубот за новото летно засилување.
На овој начин, Маурисио Покетино ги доби посакуваните засилувања во средниот ред и ќе има доволен број на ресурси со Лавија и Каиседо, кои со своите настапи ќе треба да се погрижат за што побрзо заборавање на Канте, Мејсон Маунт и Ковачиќ.
Лавија се најде во фокусот и за време на презентацијата поради блиските контакти кои ги имаше со Ливерпул, а при првото обраќање ги наведе трите причини поради кои го избрал Челси пред клубот од „Енфилд Роуд“.
– Навистина сум многу среќен што се приклучувам на Челси и овој амбициозен проект. Се работи за неверојатен клуб со голема историја и едвај чекам да почнам. Зошто Челси? Понудениот проект и амбициите на клубот беа клучен фактор, но секако и историјата која ја има Челси. Тие три фактори беа клучни за мојата одлука, – открива 19-годишниот Белгиец.
Welcome to Chelsea, Romeo Lavia! 😁
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 18, 2023
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 21 час
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик