Поврзете се со нас

Европски купови

„Лавиците“ имаат за што да жалат: Ѓорче Петров доживеа елиминација само поради еден гол

Објавено

на

Foto: FB/Ѓорче Петров - ЖРК

Пред една недела никој не веруваше дека Ѓорче Петров може да ја поправи лошата слика која ја остави на првиот меч пртив Х 65 Хорс во Лигата на Европа, но денеска „лавиците“ дефинитивно имаат за што да жалат во меч во кој го прикажаа сиот свој потенцијал.

Македонските шампионки го заборавија лошото издание од пред една недела и се погрижија за ракометна идила во Скопје, која за жал не беше наградена со пласман во следната фаза само поради разлика од еден гол.

Поразот од 29:21 на првиот меч беше за малку анулиран денеска во нашата престолнина, бидејќи ѓорчепетровки стигнаа до 26:19 и само еден гол од сензација.

За жал, немаше време за 27-ми гол и пласман во следната фаза, но сите ќе ја паметат херојската претстава, особено онаа во вториот дел.

Ракометарките од нашиот шампион дозволија само седум гола на противникот во вторите 30 минути, што беше клучно за големата победа која заслужи да биде крунисана со пласман во следната фаза.

За жал, на овој начин нашиот првак ја заврши сезоната во Европа, но покрај добрата колективна игра, овој меч ќе се памети и по партијата на Ивана Дежиќ која постигна десет гола.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни