Поврзете се со нас

Италија

Лаутаро во позиција да сруши важен клупски рекорд на Интер

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Лаутаро Мартинез ја започна актуелната сезона во голем стил и веќе е најдобар стрелец во италијанската Серија А.

„Газета дело Спорт“ одбележува дека Аргентинецот е во позиција да брка престижен рекорд на Интер, а поврзан со бројот на постигнати голови во една календарска година во домашното првенство.

Од почетокот на 2023 година, Мартинез има постигнато дури 27 голови во дресот на „нероазурите“, па има можност да се надева на поставување нов рекорд, за кој мора да постигне барем уште шест гола.

Актуелен рекордер е поранешниот унгарски фудбалер Иштван Ниерс, кој во 1951 година постигнал 32 гола во дресот на Интер. Зад водечкиот на вечната листа се Милито и Виери со по 28 погодоци, но се чини дека Лаутаро лесно ќе ги помине екс напаѓачите на својот актуелен клуб.

До крајот на годината, Интер има натпревари со Наполи, Удинезе, Лацио, Лече и Џенова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни