Италија
Лаутаро влезе во историјата на Интер, „нероаѕурите“ со пресврт ја освоија Кремона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер славеа победа над Кремонезе од 2-1 во вториот натпревар од денешната програма во италијанската Серија А.
Клубот од Милано важеше за фаворит на хартија, статус кој го потврди и на теренот со тоа што мораше да направи пресврт да ги освои трите посакувани бода.
Домаќините го отворија резултатот во 11 минута и со тоа го предвизвикаа поранешниот италијански шампион кој во продолжението одговори преку напаѓачот Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот ас реализираше во 21 минута за 1-1, а истиот играч во 65 минута стрелаше за 2-1 со што воедно го постави конечниот резултат.
— gols gols (@golsgols3) January 28, 2023
— gols gols (@golsgols3) January 28, 2023
Со денешните два погодици Лаутаро дојде до бројката од 11 со што стана третиот странец во историјата на Интер кој во најмалку четири сезони имал двоцифрен број на голови во Калчото.
10×4 – #Lautaro Martínez is the 3rd foreign player in Inter’s history to reach 10+ goals in at least 4 different seasons in Serie A, after Stefano Nyers and Mauro Icardi (both five). Toro.#CremoneseInter #SerieA pic.twitter.com/y99i8to7Qw
— OptaPaolo (@OptaPaolo) January 28, 2023
„Нероаѕурите“ со 40 бода се на второто место во шампионат.
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……