Поврзете се со нас

Свет

Лаутаро се погрижи за „перфектна“ Аргентина, Канада го елиминира Чиле од Копа Америка (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Argentina

Аргентина рутински го победи Перу и без Лионел Меси во составот, а двата гола на Лаутаро Мартинез беа доволни за перфектен учинок во трите натпревари од групната фаза на Копа Америка.

Напаѓачот на Интер реализираше во 47 и 86. минута, а меѓу двата гола, Паредес не реализираше пенал за „гаучосите“, но тоа немаше негативно влијание врз конечниот резултат.

Аргентинците сега го очекуваат второпласираниот од групата Б во четвртфиналето, а во таборот на светскиот шампион се оптимисти дека Меси ќе биде подготвен за овој натпревар.

Во вториот дуел од групата, Канада и Чиле одиграа без голови (0:0), со што Канада го освои второто место, додека Чиле го заврши турнирот без постигнат гол и на последното место во групата.

Тоа е големо разочарување за освојувачот на Копа Америка во 2015 и 2016 година, додека Канада ќе игра во нокаут фазата уште во својот прв настап на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни