Поврзете се со нас

Италија

Лаутаро постигна важен гол за тешка победа, па ги запали тифозите на Интер (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер почна да се мачи на своите натпревари во Серија А во последно време, нешто што се одолговлекуваше и денеска на пресметката против Џенова.

Тимот на Симоне Инѕаги не изгледа така течно и разиграно како до пред некое време, но сепак вечерва успеа да реши еден голем проблем и да запише важни три бода во битката за титулата.

Човек на одлука беше капитенот Лаутаро Мартинез кој беше најснаодлив по еден корнер од левата страна, ситуација во која ја покажа својата класа за водство од 1:0.

Само две минути претходно, Кубан од добра позиција можеше да донесе водство за Џенова, но откако не го направи тоа, пристигна казна на спротивната страна во 78-та минута.

До крајот, Лаутаро не искористи уште две стопроцентни шанси за посигурна предност, но Интер се задоволи и со 1:0, резултат кој го враќа на врвот на табелата.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни