Поврзете се со нас

Италија

Лаутаро: Почувствував нешто што претходно не го знаев, морав да одам на психолог

Објавено

на

Лаутаро Мартинез од година во година е се подобар и позрел во своите настапи дали истите се во дресот на Интер или пак во аргентинската репрезентација.

Со ваквите изданија тој си ја крева цената и секако го привлекува вниманието на топ клубовите ширум Европа, но барем засега нема никаква најава дека летово може да го напушти Интер. Тој во моментов ги полни батериите за новата кампања, па пред да им се врати на обврските се одлучи да проговори за тоа како успеал да го реши проблемот со дисциплината на теренот.

-Се наоѓам во многу важна фаза од мојата кариера и оваа година почувствував нешто што претходно не го знаев. Среќен сум и задоволен од мојата кариера, сè што работам во Интер ми помага во репрезентацијата. Физички се подобрувам, тренирав внимателно да влезам во врвна форма.

-Покомплицирано беше да се работи на мојот менталитет. Станувањето татко ми помогна да решам многу работи надвор од теренот. Психолог ми помогна да протестирам помалку и да заработам помалку жолти картони.

-Проверете ја статистиката и можете да видите дека сум подобрен. Нова сезона е на повидок, а исто така пред нас е Светското првенство во 2022 година, -истакна Лаутаро за медиумите во неговата земја.

Фактите говорат дека Лаутаро навистина се подобрил и му помогнала работата со психолог, па така во сезоната 2019-20 имал 11 жолти и 1 црвен карто во сите конкуренции, додека во претходната кампања имал само 5 жолти во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни