Поврзете се со нас

Свет

Лаутаро Мартинез го издвои најдобриот светски играч: Тој секогаш е чекор пред сите…

Објавено

на

Фудбалерот на Интер и аргентински репрезентативец, Лаутаро Мартинез го издвои најдобриот играч во светот кој според него е на сосема друго ниво од останатите играчи.

Јасно е, станува збор за неговиот сонародник и фудбалер на Барселона, Лионел Меси кој досега шест пати ја има освојувано Златната топка, признание кое се доделува на најдобриот светски играч за една сезона.

Според изјавата на Лаутаро дадена за официјалната страна на УЕФА, Лионел Меси е чекор пред сите останати фудбалери.

– Го знам Лео од времето поминато како соиграчи во аргентинскиот национален тим. Сум кажувал во минатото, ќе кажам и сега, а ќе кажувам и во иднина, тој е најдобриот играч во светот.

– Фактот што тој е Аргентинец е гордост за сите нас кои секогаш учиме од него. За мене, тој е на друго ниво, ја разликува играта на поинаков начин и секогаш е пред сите останати, -изјави Лаутаро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни