Италија
Лаутаро ја затвори годината со нереална утка, па конечно погоди против својата омилена жртва во Италија (Видео)
Лаутаро Мартинез влезе во сериозна голгетерска игра и тоа почна очигледно да се одразува на неговата игра во последните неколку кола, натпревари на кои покажуваше и одредена нервоза и себичност во ситуации кои имаше добри шанси за гол.
Капитенот на Интер го почна мечот против Калјари на идентичен начин и не реализираше колосална шанса по неполн половина час игра, а на неговата утка не можеше да се изначуди и Симоне Инѕаги крај аут линијата.
Промашувањето на напаѓачот само потврди дека е далеку од посакуваната форма, но благодарение на напорниот труд, Лаутаро ја поправи оваа грешка и во второто полувреме повторно стрелаше против омилената жртва.
Мартинез дочека еден перфектен центаршут од Барела и постигна 10-ти гол на десеттиот свој натпревар против Калјари, по што станува јасно дека тимот од Сардинија му е негова омилена жртва.
Претходно, Бастони го отвори резултатот на стартот на вториот дел, додека конечните 0:3 ги постави Чалханоглу од белата точка.
Со овие три бода, Интер изби на првото место на табелата, па така Аталанта ќе има притисок плус во пресрет на дербито кое го игра вечерва против Лацио.
-
Светски првенства8 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија19 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства22 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија15 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија20 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија19 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Свет17 часа
Нејмар се подготвува за преселба во МЛС лигата, три клуба се во игра