Поврзете се со нас

Италија

Лаутаро испрати капитенска порака откако се обврза на верност кон Интер

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Лаутаро Мартинез стави крај на долгите преговори и стави параф на нов договор со Интер, според кој ќе остане во Милано најмалку до 2029-та година.

Аргентинецот немаше намера да го напушти клубот откако имаше нова извонредна сезона во тимот на Инѕаги, но веќе извесно време има и поголема одговорност како капитен.

Лаутаро е лидер во соблекувалната и на теренот и тоа му донесе уште поголемо значење, но истовремено и притисок секогаш да биде подобра верзија од себе.

– После шест години во Интер, тоа што останувам тука има преголемо значење за мене и моето семејство. Навистина сум многу среќен, едвај чекам да се вратам на теренот.

– Сакам да дадам сто проценти на секој меч, моја цел е да послужам како пример за моите играчи. Сакам да бидам пример кој тие треба да го следат. Навистина многу созреав тука, како на теренот, така и надвор од него. Тоа што станав татко ме направи уште позрел. Постигнав толку многу во Интер, но не застануваме тука, сакам да постигнам уште многу голови во овој дрес. Втората ѕвездичка на дресот ме направи посебно горд, направивме историја, но не застануваме тука, – вели Лаутаро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни