Лаутаро испрати јасна порака за неговата иднина: Интер е мојот дом, сакам да…

lautaro

Аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез игра извонредно во својата втора сезона во дресот на калчолигашот Интер и е еден од најзаслужните за одличните резултати на клубот во досегашниот тек на натпреварувачката 2019/2020.

Тој има 13 голови на 19 натпревари во сите конкуренции со што дефинитивно го привлече вниманието на јавноста и секако останатите големи клубови во Европа.

-Минатата година играв во тим со тренер кој играше со само еден напаѓач во нападот. Знаев дека пред мене беше капитенот, Икарди, најважниот играч за Интер и очигледно беше многу комплицирано да играм. Секогаш тренирав до максимум, но знаев дека е така. Имав шанса да играм неколку минути, ама не како сега. Оваа година, имав одлична Копа Америка, тогаш го запознав Конте, кој работи со голем интензитет и ги третира сите играчи на ист начин. Ова прави сите да тренираат до максимум. Потоа тука е Ромелу, кој е одличен човек во и надвор од теренот. Напорно работиме за да ги следиме инструкциите на тренерот и да го однесеме Интер на врвот, -истакна Лаутаро кој во последно време е поврзуван со Барселона и Манчестер Сити.

-Интер е мојот дом. Тоа е нешто многу важно за мене. Се обидувам да работам напорно и со скромност да докажам на теренот дека заслужувам да го носам овој дрес. Сакам да им донесам што поголема радост на навивачите и на моето семејство, -заклучи Аргентинецот.

Facebook Коментари