Италија
Лаутаро е подготвен да потпише нов договор со Интер: Нема да има никакви проблеми…

Аргентинскиот репрезентативец, Лаутаро Мартинез е подготвен да ја продолжи соработката со актуелниот лидер во Серија А, тимот на Интер.
Напаѓачот од 2018 година е дел од „нероаѕурите“ и од сезона во сезона игра се позначајна и позначајна улога, па веќе е и лидер на екипата со оглед на тоа што ја има и капитенската лента.
-Имаме одличен однос со „нероаѕуритеЕ. И ние зборуваме да се состанеме и да разговараме за обновувањето на договорот. Интер сака да го продолжи договорот со Лаутаро. И ние истото го сакаме. Нема да има никакви проблеми. Ќе се видиме во следните неколку дена или недели, -истакна агентот на голгетерот, Алехандро Камано.
-Се уште немама датум за состанокот. Мора да постигнеме договор со Интер. Но, важно е дека постои подготвеност од двете страни да седнат и да разговараат за продолжување на соработката. Зборуваме за многу важен играч за Интер. И многу важен клуб за Лаутаро. Тој не брои само пари..
-Важни се и проектот, спортската траекторија, што се случува, фактот дека се оди добро, колку се зголемува расположението за Интер кај луѓето. Постојат различни фактори. Лаутаро не е само пари. Лаутаро исто така има чувство за клубот, град кој го сака и што го сака, -додаде Камано.
Сегашниот договор на Лаутаро е до 30 јуни 2026 година.
-
Македонијапред 22 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 22 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 14 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 16 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Светпред 13 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)