Светски првенства
Лауге: Ако сакавме, ќе ги растуревме Хрватите со 12 голови разлика

Данска доминантно стигна до четврто злато во низа на Светските првенства, па иако на крајот гледавме данско шоу во финалето во Осло, победниците на завршниот натпревар не го криеја незадоволството од пристапот на хравтските ракометари.
Неколку дански ѕвезди излегоа со жестоки осуди за грубата и валкана игра на избраниците на Дагур Сигурдсон, а еден од нив е и Расмус Лауге.
Искусниот лев бек го извлече најдебелиот крај бидејќи беше брутално струполен на земја од Марко Мамиќ, па инспириран од оваа жестока реакција, бил доста дрзок во соочувањето со домашните новинари.
– Вистинска среќа е што долго сум во ракометот, па очекував една ваква епизода од Хрватска. Тоа беше една рунда на тепање, само така можеа да не добијат. Можеа да не добијат само ако натпреварот се претвореше во тепачка. Хрватите сакаа да не испровоцираат, но ние им возвративме со насмевка и тоа е најдобар одговор.
– Се жалеа на бруталните исклучувања, се однесуваа како мали деца. Да бидам искрен, очекував такво нешто, но ние го контролиравме мечот во текот на сите 60 минути. Ако сакавме, можевме да ги растуриме Хрватите и со 12 голови разлика, – изјавил Лауге.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија18 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)