Поврзете се со нас

Шпанија

Лаудруп се потсети на интересна анегдота: Добро се сеќавам како Кројф бесно му викаше на Гвардиола

Објавено

на

Foto:twitter.com/SwansOfficial

Михаел Лаудруп се смета за најдобар дански фудбалер на сите времиња и тој имаше можност да биде дел од „дрим-тимот“ на Јохан Кројф со кој освои дури девет титули, пред да направи трансфер во лутиот ривал Реал Мадрид во 1996-та година.

И покрај предавничкиот чин, Лаудруп важи за жива легенда на Барселона и ден денеска со насмевка се навраќа на незаборавните денови минати со Кројф, од кого вели дека научил најмногу во својот живот.

Данецот направи ексклузивно интервју за „Дејли меил“ и открива какво влијание имал Јохан врз сите играчи на Барселона, а се потсети и на една незаборавна анегдота со Пеп Гвардиола кој тогаш се пробивал во првиот тим.

– Добро се сеќавам како Кројф му викаше на Пеп поради тоа што е деснак и поради тоа што игра само со десна нога. Гвардиола знаеше да ја користи и левата нога, но не му беше фантастична. Кројф секогаш бараше од нас да ги користиме двете нозе, бараше да ја примиме топката со послабата нога, а да додадеме со другата.

– Многу ми викаше на Пеп, тој на почетокот ја примаше топката со десна и Кројф излудуваше од викање. Секогаш бараше користење на двете нозе и тоа важеше за сите играчи. Во Барселона отидов на 24 години и во две години со Кројф научив повеќе од целиот живот со други, – признава Лаудруп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни