Лауда: Ферари претера, веќе не е смешно…

niki-lauda

Контактот меѓу Кими Раиконен и Луис Хамилтон на почетокот на Формула 1 трката на Силверстоун имаше влијание на конечниот епилог, а актуелниот шампион мораше да се задоволи со втората позиција.

По трката, Ники Лауда, кој е дел од тимот на Мерцедес, го критикуваше Ферари поради зачестените инциденти на патеката.

– Инцидентот не беше фер, посебно што болид на Ферари вторпат по ред удира во наш уште во првиот свијок. Веќе не е смешно, – вели легендарниот Лауда кој не е задоволен ниту од казните кои ги добиваат Фетел и Раиконен.

– Голема грешка беше што Фетел на претходната трка доби само пет секунди казна, денеска барем Раиконен доби 10 секунди. Стјуардите конечно сфатија што се случува. На крајот второто место на Хамилтон покажува каква трка имал, да не беше инцидентот, сигурен сум дека ќе беше на првото место, – истакнува Лауда.

Facebook Коментари