Поврзете се со нас

Свет

Ласо го врати Баерн на врвот, па си замина од Минхен

Објавено

на

foto: x.com/NachoJuan_

Искусниот шпански стручњак, Пабло Ласо нема повеќе да го води германскиот прволигаш Баерн Минхен.

Ласо седна на клупата на клубот од Минхен во 2023 година и во својата прва сезона успеа да го врати клубот на врвот во германската кошарка, односно беше освоен лигашкиот трофеј како и Купот.

Меѓутоа поради семејни причини Шпанецот побарал да го напушти Баерн, а клубот одговорил позитивно на тоа барање.

-Личната одлука на Пабло беше неочекувана за нас, но ние многу го почитуваме како тренер и личност и сега можеме само да му се заблагодариме за неговата работа и големиот труд во последната успешна сезона.

-Му посакуваме се најдобро, тој секогаш ќе биде поврзан со нашата организација и тоа не само поради двојната титула, -порача извршниот директор Марко Пешиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни