Европски првенства
Ласица се извини и го објасни плукањето на македонските навивачи: Цел натпревар ме гаѓаа со монети…

Мечот меѓу Македонија и Црна Гора мина во најдобра спортска атмосфера на теренот каде како победници излегоа „гостите“ кои на овој начин ги сочуваа шансите за пласман во следната фаза на Европското првенство.
Меѓутоа откако заврши натпреварот се случи инциден во кој беше инволвиран црногорскиот репрезентативец Марко Ласица кој им се приближи на македонските навивачи и ги плукна со што очекувано фановите збеснаа и мораше да реагира обезбедувањето.
За оваа „акција“ Ласица беше санкциониран од ЕХФ со казна од 5000 евра, но тој одлучи да ја каже и својата страна од приказната и на кеој начин да го оправда својот потег кој едноставно е недозволив без разлика дали има и какви се провокациите од навивачите.
Црногорецот Ласица доби казна од ЕХФ за плукањето на македонските навивачи (ВИДЕО)
-Сакам да и се извинам на македонската јавност и да ја објаснам ситуацијата. Цел натпревар ме гаѓаа со монети и ме плукаа, а по мечот таканаречениот навивач на македонската репрезентација ме плукна кога бев во негова близина. Јас возвратив и направив грешка, затоа се извинувам.
-Исклучително ја ценам македонската публика, нивната посветеност кон репрезентацијата и клубовите. Но овие поединци кои се однесуваат недостоинствено не се навивачи. Вујовиќ беше погоден со шише од трибините. Сепак мојата реакција е за осуда и се извинувам за мојот некоректен потег, -истакна Ласица за црногорските медиуми.
-
АТПпред 16 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 13 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
НБАпред 13 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 15 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 15 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона
-
Англијапред 13 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)