Ларкин потврди дека ќе настапува за Турција

shane-larkin

Шејн Ларкин сезонава го предводи Анадолу Ефес на лидерската позиција во кошаркарската Евролига, а големиот интерес за Американецот му овозможи да бира и за која репрезентација ќе настапува.

Ларкин имал неколку понуди, но очекувано реши да ја прифати таа на турскиот селектор Уфук Сариџа и ќе настапува за националниот тим на земјата во која настапува од 2018 година.

Американецот денеска сам ја потврди информацијата преку социјалните мрежи, истакнувајќи колку е горд што ќе може да го носи турскиот дрес, а прв предизвик треба да му бидат олимписките квалификации во јуни, на турнир кој се игра во Канада.

Facebook Коментари