Ларкин го предводеше Ефес до гостинска победа против Реал

larkin-real

Анадолу Ефес уште еднаш покажа зошто е на првата позиција во Евролигата, победувајќи го вечерва на гостински терен Реал Мадрид со резултат 80:75.

Шејн Ларкин го предводеше турскиот тим до заслужена победа во шпанската престолнина, а за Реал ова е веќе трет пораз по ред во елитното европско натпреварување.

Американецот го заврши дуелот со 32 поени, Плајс беше најблиску до него со 13 поени, додека во редовите на Реал Томпкинс стигна до 15 поени.

По ова коло, Ефес е прв во Евролигата со 18 победи, а Реал има три победи помалку од турскиот ривал.

Останати резултати:

Фенербахче-Милано 73-64

Жалгирис-Алба 104-80

Панатинаикос-Асвел 100-88

Facebook Коментари