Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта: Зборував со еден важен играч на Барса по поразот од ПСЖ, тој беше потонат

Објавено

на

Жоан Лапорта ветува дека ќе направи се што е во негова моќ за да го врати клубот на вистински пат доколку победи на претседателските избори кои следат во Барселона, а бидејќи е главен фаворит за втор мандат на „Камп Ноу“, трофејниот мандатар на каталонскиот гигант како голем фан на клубот, призна дека многу тешко го прифатил последниот пораз во Лигата на шампионите.

ПСЖ изгледаше како тим кој е неколку класи подобар од Барселона во второто полувреме и славеше со 1:4, а видно разочаран беше повратниот Жерард Пике кој имаше изгубена фацијална гримаса на клупата откако беше повлечен од игра.

Лапорта открива дека разговарал токму со искусниот стопер по големиот неуспех на „Камп Ноу“, посочувајќи дека се обидел да го охрабри и да му даде поддршка во овие тешки времиња низ кои минува клубот.

– Пред неколку дена бев навистина многу лут, разочарувањето беше огромно во вторникот. Сакав само да си легнам и да минуваат часовите. Немав сила ниту да се обратам на Твитер. Легнав да спијам, не спиев добро, а часовите веќе минуваат. Пораката е јасна: Мора да бидеме блиску до играчите во овој момент, мора да бидеме до нив, да почувствуваат дека не се сами.

– Зборував со еден многу важен играч од првиот тим по поразот од ПСЖ. Беше потонат и потиштен. Тоа е играчот кој покажа пример со тоа што се врати од повреда и што се стави на располагање. Имав разговор со човек со кој имам многу добар однос и ќе кажам само дека беше потиштен и уништен. Останатиот разговор нема да ви го откривам, јас само му кажав дека не го оставаме сам, – открива Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни