Шпанија
Лапорта застана зад Чави: Во овој момент…

Барселона имаше неколку проблематични настапи во низа во изминатиов период, натпревари далеку под нивото што секако донесе огромни критики пред се на сметка на тренерот Чави Ернандес, но и прашања дали тој е вистинскиот човек за шпанскиот великан.
Барса беше непрепознатлива на соочувањато со Реал Сосиедад на кое на крајот успеа да слави, ама потоа одигра уште полошо против Шахтјор Доњецк и загуби со 1-0 во Лигата на шампионите. Потоа дојде средбата со Алавес на која исто екипата покажа многу слабости, особено во првиот дел за да по паузата шпанскиот првак заигра подобро и направи целосен пресврт (2-1) и стигне до посакуваниот резултат иако одново на крајот одново излегоа на виделина некои недостатоци.
Како ќе играат каталонците по репрезентативната пауза останува да видиме, но она што е многу јасно е дека тренерот Чави ја има максималната поддршка од водечките луѓе на чело со претседателот Жоан Лапорта.
-Сакам да кажам многу јасно, исто како и [спортскиот директор на Барса] Деко и директорите на мојот одбор, ние сме целосно на страната на нашиот тренер и сме горди што го имаме Чави како тренер за неговиот професионален и човечки квалитет. Овде ние сме тесно поврзана група, ги зближуваме редовите. Во овој момент е многу важно да бидеме заедно, -порача Лапорта.
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 23 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 22 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума