Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта застана во одбрана на Чави: Не ни досудија пенал голем како катедрала (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта верува во работата на Чави Ернандес и ја користи секоја јавна прилика за да му искаже поддршка на тренерот, особено после тешки натпервари како оној пред неколку дена.

Тренерот на Барса во последно време се почесто се жали на погрешни судиски одлуки кои носат штета за неговиот тим, а истото мислење го дели и Лапорта кој вели дека на каталонците не им бил досуден пенал голем како катедрала.

– Пеналот врз Рафиња беше голем како катедрала. Истото важи и за пеналот врз Левандовски. Тоа беа два чисти пенали кои не беа досудени, – вели Лапорта пред да влезе во својот автомобил.

Претходно, Лапорта даде изјава и за „ТВ3“, медиум за кој уште еднаш нагласи дека има целосна верба во методите на поранешниот капитен Чави.

– Отсекогаш сум велел дека тој е идеалниот тренер за нас и сите сме зад него. Имаме целосна верба во тоа што го работи. Сигурни сме дека утрешниот меч против Порто ќе биде добар за нас, – потенцира Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни