Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта заљубен во еден играч од првиот тим: Би му дал доживотен договор

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Жоан Лапорта се обидува да биде дел од секој важен настан кој е поврзан со првиот тим на Барселона, па така оваа вечер се појавил на промоцијата на документариот тим за животот на Роналд Араухо.

Уругвајскиот стопер прерасна во заштитен знак за одбраната на Барса, но со фантастичните изданија го привлекува вниманието и на многу побогати клубови во овој момент, а тоа посебно важи за Баерн Минхен.

Баварците планираа да испратат понуда за Араухо наредново лето и прашање е дали Барселона може да го задржи, но ако се прашува Лапорта, тој е еден од играчите на кои би му дал доживотен договор за да остане на „Камп Ноу“.

– Да се прашувам само јас, би му дал доживотен договор, – им порачал Лапорта на новинарите, па додал.

– Роналд е еден од најдобрите стопери во светот, но сакам да ја нагласам и неговата посветеност. Тој е пример за тоа како треба да се однесува еден играч. Не само кон соиграчите, туку кон сите вработени во клубот. Барселона е горда што има фудбалер кој вака ги брани боите на клубот, – додал претседателот на Барса.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни