Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта загуби важен сојузник во клубот: Ти беше клучен за економскиот спас на Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона ова утро неочекувано извести дека се повлекува актуелниот потпреседател на економскиот сектор во клубот, крајно ценетиот Едуард Ромеу кој напорно работеше во клубот изминатите две ипол години.

Искусниот шпански економист одигра клучна улога во финансиското стабилизирање на клубот во последно време, па поради неговото најавено заминување, клубот реши да подготви и мини церемонија за да го испрати како што доликува.

Ромеу при своето обраќање беше доста емотивен и нагласи дека си заминува поради тоа што веќе не може да го даде максимумот за клубот, или поточно поради обврските кои му се насобрале во неговите компании.

Досегашниот потпреседател на финасискиот сектор посочи дека со влезот во четвртфиналето во Лигата на шампионите се зоакружил еден циклус, односно нагласи дека Барселона сега нема да ги загуби предвидените 200 милиони евра за претходните три неуспешни изданија во најелитното натпреварување.

Обостраната почит меѓу Лапорта и Ромеу беше очигледна за време не случувањето во клупските простории, па претседателот на клубот не заборави да му нагласи дека тој бил најважениот човек за економскиот спас на Барса.

– Вечно сум благодарен за твојот професионален квалитет, за твојот човечки квалитет и за заштедата на тие 200 милиони евра кои ги спомена, сума која ја губевме речиси секоја година. Ти беше клучна личност во економскиот спас на клубот, – му порача Лапорта на Ромеу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни